Култура

Останато од Култура

Викендов, под мотото „Потрага по допир“ се одржа извонредното, шеснаесеттото издание на фестивалот Танц фест Скопје. На отворената сцена кај МКЦ, публиката уживаше во магијата на петнаесет авторски кореографии на домашни и гостински кореографии кои го одбележаа 30-иот јубилеј на македонската современа танцова сцена.

07 Септември 2020 - 13:08

Набрзо по добивањето на Европската награда за литература за неговиот трет роман „Страв од варвари“, писателот Петар Андоновски го објави и романот „Лето во кое те нема“, кој книжевната критика го смета за прв квир роман во македонската книжевност. Романот е објавен во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“, а дизајнот на корицата е на Вања Штркова.

07 Септември 2020 - 11:05

Познатиот чешки режисер и глумец Јиржи Менцел почина на 82-годишна возраст, објави вчера неговата сопруга Олга на Фејсбук.

07 Септември 2020 - 09:48

Во чест на илјада годишнината од основање на познатото македонско древно светилишти, Бигорскиот манастир, во убавиот амбиент на големата приемна сала на манастирот, беше промовирана книгата „Вековитиот Светилник“ на професор доктор Вера Стојчевска – Антиќ.

07 Септември 2020 - 08:02

Магија на сцена и громогласни аплаузи го одбележаа првиот ден на Танц Фест 2020. Домашните кореографи ѝ приредија на публиката вечер за паметење. Покрај четирите македонски авторски кореографии – „ИДЕНТИТЕТИ – Историја на еден растегнат сон“, „ДОМА“, „Нејзин простор“ и „Кинцуги“, публиката имаше можност да ја види американската “Consent” на Меган Бриџ, аудиовизуелниот перформанс “RED” на Шамел Питс и првиот македонски танцов филм на кореографката Адријана Данчевска, дел од перфомансот „ДОМА“.

05 Септември 2020 - 15:26

Фестивалот „Статуафест – Другото лице на улицата“ денеска и утре ќе се одржува на плоштадот „Македонија“ од 18 часот.  Организатор е „Театроск“, со поддршка од Град Скопје. Годинава тема на фестивалот е коронавирусот, односно „Скопје во време на корона“.

04 Септември 2020 - 07:43

Пандемијата ја откри инертноста на институциите од културата кои не направија многу за да се прилагодат на новите услови, вели Оливер Белопета, директорот на Скопскиот џез фестивал. Со него разговаравме за запоставената едукација за негување на културните и општествените вредности, за неопходното ново руво на Универзална сала... Интервјуто на Республика се совпаѓа со исчекувањето на владините протоколи за одржување концерти и претстави во затворен простор, додека во истовреме течат сериозни подготовки на следното издание на препознатливиот џез фестивал. Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

03 Септември 2020 - 14:16

Вечерва во 20 часот во галеријата на Кинотека на Македонија во Скопје, ќе се отвори самостојната изложба „Хоризонтала и вертикала" на Билјана Билбилоска. На изложбата ќе бидат изложени дигитални графики направени во текот на 2019-2020 година, инспирирани од средновековната византиска уметност.

03 Септември 2020 - 07:53

По пауза од шест месеци поради коронавирусот, Филхармонија вечер, во 20 часот, ќе ја почне новата концертна сезона со концерт симболично насловен „Звук на два метри“. Публиката ќе може да го слушне ремек-делото за два гласа и оркестар „Песни за земјата“ од Густав Малер. Како солисти ќе настапат Корби Велч – тенор (САД) и Хajке Веселс – мецосопран (Германија), а диригент ќе биде Габриел Бебешелеа од Романија, кој во следните две години ќе ја извршува функцијата шеф-диригент на Филхармонија.

03 Септември 2020 - 07:28

Писателот Венко Андоновски е автор на драмскиот текст „Изрешетани души“ според кој годинава во Србија ќе биде изведен традиционалниот сценски настан „Големиот школски час“. Се работи за државна манифестација посветена на стреланите 3.500 работници и ученици во Крагуевац, на 21 октомври 1941 година.

03 Септември 2020 - 07:16

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе