Култура

Останато од Култура

Во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје на 12 септември (вторник), во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба на Ниче Василев и неговата ќерка Љупка Василев.

12 Септември 2017 - 11:52

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја објави книгата „Ерусалимски раскази / Кафка во Ерусалим“ од чешко-израелскиот писател Виктор Фишл, познат и како Авигдор Даган. Преводот на македонски јазик е на Маргарета Карајанова.

12 Септември 2017 - 10:40

Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје ја продолжува серијата на студиски изложби поврзани со неговата колекција, повторно со потполно музеолошки пристап, но и со авторско видување. На 13 септември (среда), во 14 часот, во МСУ ќе биде отворена изложбата „Македонска разгледница“.

11 Септември 2017 - 16:20

Презентација и дискусија на тема „Креативноста во Креативна Европа – потпрограма Култура“, ќе се одржат на 12 септември, со почеток во 10.30 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје. Настанот е во организација на Министерството за култура на Република Македонија (Одделение за Креативна Европа – потпрограма Култура) во соработка Филмскиот фонд на Република Словачка (Канцеларија за Креативна Европа – Култура).

11 Септември 2017 - 12:35

Во текот на септември, во рамки на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточнa Европа „Апсолутно модерен“, во Скопје престојува босанскиот писател Неџат Ибрахимовиќ.

11 Септември 2017 - 11:46

Популарниот бугарски игран филм „Слава“ на режисерското дуо Кристина Грозева и Петар Валчанов, којшто е продаден во повеќе од 30 земји во светот, од 14 септември почнува да се прикажува во киносалите ширум републикава.

11 Септември 2017 - 11:16

Во издание на „Везилка2011“ излезе од печат книгата на знаменитиот српски писател Бранислав Нушиќ, „Покрај бреговите на Охридското Езеро“, чиешто прво издание е публикувано во Белград во далечната 1892 година. Ова издание на македонски јазик го преведе писателот Ристо Лазаров.

11 Септември 2017 - 10:47

Издавачката куќа „Готен“ на 12 септември, во 20.30 часот, во „Кино Култура“ ќе го промовира романот „Клада“ од унгарскиот писател Ѓерѓ Драгоман. Преводот од унгарски јазик го направи Златко Панзов. Промотор на изданието ќе биде Ермис Лафазановски.

10 Септември 2017 - 13:35

Македонскиот народен театар со претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ, поставена на текст од Ингмар Бергман, а во адаптација на Тамара Барачков, ќе настапи на сцените на престижни меѓународни театарски фестивали: „Central European Theatre Festival“ во Кошице, Р. Словачка, „Belaya Vezha“, Р. Белорусија и во театарот „Kosztolányi Dezső“, Р. Србија.

10 Септември 2017 - 12:52

Наградата „Державин“ се доделува за најдобра стихозбирка објавена во периодот од јули 2016 до јули оваа година. Високото признание Димески го доби за поетската книга „Ноќва душава си ја изедов“, објавена во издание на „Матица македонска“.

10 Септември 2017 - 12:06

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе