Современ дизајн

„Звукот на материјалите“ е тема на седмото издание на „Недела на дизајнот во Скопје“

Седмото издание на „Недела на дизајнот во Скопје“ (Skopje Design Week) оваа година ќе се одржи од 22 до 26 ноември во „Јавна соба“ и продавницата за расвета и мебел „Лукс“, а подготовките влегоа во финална фаза. Информациите за 7. „Недела на дизајнот во Скопје“ веќе се достапни на веб-страницата на фестивалот и на социјалните мрежи.

Тема на овогодишното издание на „Недела на дизајнот во Скопје“ е „Звукот на материјалите“, каде водејќи се од фактот дека материјалите, достапноста на истите и нивната обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.

Фестивалот оваа година ќе се претстави со пет програмски целини, каде водечката е секцијата на дизајн-изложбите. Земја во фокус оваа година е Унгарија и ќе се претстави со врвна дизајн-изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци. Покрај изложбата, унгарските дизајнери, кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентации за деловниот и дизајн аудиториумот на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околината на Скопје.

Во музичката програма на ова издание се пет музички групи од регионот, и тоа „Васил Хаџиманов бенд“, „Ѓорги Шаревски трио“, „Како - кало банда“, „Артан Лили“ и „Михали Борбели Балкан џез проект“.

„Српска кулинарска забава“ е перформанс на готвачот Мирко Веселиновиќ од винаријата „Башек – Веселиновиќ“ од Сремски Карловци, и настанот ќе биде целосно достапен за јавноста.

Викенд-програмата е резервирана за работилница за дизајн-размислување водена од експерти од целиот Балкан и научно-практична работилница за деца од 7 до 10 години. Влезот на Неделата на дизајн и на двете локации, „Јавна соба“ и „Лукс - мебел и расвета“, е слободен за сите посетители, известија од „Јавна соба“.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе