Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски изложува на меѓународниот фестивал Месец на дигиталната уметност во Париз, во периодот 1-30 јуни 2022 година, а тема на фестивалот е мирот, слободата и ставањето крај на агресијата.

На фестивалот Попоски ќе се претстави со видео арт делото „Парче мир“.

„Она што е уникатно за ова уметнички дело е дека сите елементи во него - поезијата, видеото и музиката - во целост се создадени со помош на креативна вештачка интелигенција“, вели Попоски.

Неговото дело е застапено и во посебниот осврт кон фестивалот објавен во Артилери Магазин, реномирано списание за современа уметност што се објавува во Лос Анџелес. 

Второто издание на Месецот на дигитална уметност во Париз вклучува 30-тина светски дигитални уметници, со изложби на дополнета реалност и видео арт на дузина локации ширум француската метропола. Интерактивна мапа со сите локации и застапени уметнички дела е достапна на сајтот на фестивалот.

Фестивалот е конципиран како едномесечна прослава на дигиталната уметност и новите медиуми во организација на светски реномираниот Саем за крипто и дигитални уметности (KАДАФ). 

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Досега има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

 

 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе