„Зимска приказна” е првата симфониска музичка приказна на големиот руски композитор со која на фантастичен начин го најавил својот потентен оркестарски опус.
Тимоти Ридаут е еден од водечките млади солисти на светската музичка сцена. Тој е уметник на новата генерација на Би-би-си од 2019 година, a неговите концертни ангажмани оваа сезона вклучуваат настапи со оркестрите во Берлин, Бордо, Салцбург, Симфонискиот оркестар на Би-би-си… Настапувал со диригенти како Давид Цинман, Силвијан Кембрелинг, сер Андреас Шиф… Го нарекуваат виолист „чиј тон не може да биде посигурен, и чиј музички инстинкт инспирира самодоверба на секое можно ниво”.
Конрад Ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат. Се стекнал со популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој ги води пробите и изведбите.
Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам.