За поетскиот камп за млади „Ванчо Николески“

Здружение МАЦКОВО: Министерството за култура ни ја прекина скромната поддршка

Здружението за култура, литература и издаваштво МАЦКОВО соопшти дека Министерството за култура по две години ја прекинало поддршката на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески”, иако манифестацијата има стекнато меѓународен углед и третман.

„Во решението што од Министерството за култура е испратено до Здружението стои дека финасирањето е прекинато поради тоа што манифестацијата не е традиционална и не содржи опис за одржување во услови на пандемија“, пишува во соопштението.

Здружението, како што се додава, писмено ја информирало министерката Ирена Стефоска, дека манифестацијата се одржува веќе две години, дека е традиционална, дека, досега, финасиски, e помагана од самото министерство (првата година со 1.000, втората со 800 евра), заедно со општините Охрид, Дебрца и Вевчани.

Манифестацијата минатото лето се одржала комбинирано во живо и виртуелно, свеченото отворање, со говор на градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски, е пренесувано онлајн, преку порталот Охрид Њуз, со учесници од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.

„Сето тоа, како извештај, е проследено до Министерството за култура, заедно со покровителските Посланија на претседателот Стево Пендаровски и генералниот секретар на Светската академија на поезијата, при УНЕСКО, д-р Лаура Троиси“, се наведува во соопштението од Здружението Мацково.

Организатор на манифестацијата „Ванчо Николески“ е Здружението за култура, литература и издаваштво МАЦКОВО од Охрид, односно мештаните од селото Црвена Вода, родното место на писателот и поет Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца и млади.

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе