Првпат на отворено

„Замисли еден поинаков поглед“-почнува Саемот на книга

Повеќе од 40-тина издавачки куќи ќе ги претстават своите најнови изданија на Саемот на книга 2020, што почнува денеска на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти. Ќе се одржува до 14 септември под слоганот „Замисли еден поинаков поглед“.

Преземени се сите безбедносни мерки за заштита на јавното здравје, поради кои Саемот на книга првпат се одржува на отворен простор. Како што е најавено, на саемот ќе има голем број промоции и големи саемски попусти до 70 отсто.

Саемот на книга и годинава е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија, а поддржан е од Министерството за култура.

Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14 септември од 10 до 17 часот. Влезници за саемот можат да се купат и преку онлајн електронскиот систем по цена од 30 денари.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе