Зафир Хаџиманов, Вања Ангелова и Миле Топуз, добитници на наградата „Гоцева мисла“

Меѓународната награда „Гоцева мисла” годинава им се доделува на Зафир Хаџиманов, Вања Ангелова и Миле Топуз. Зафир Хаџиманов е наш истакнат пеач, актер и писател, кој живее и работи во Србија, Вања Ангелова е универзитетски професор од Бугарија, писателка и преведувач, а Миле Топуз е доајен на македонскиот стрип и илустрација.

Од Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, која ја доделува наградата, соопштија дека годинашните лауреати се избрани заради нивниот придонес во културолошката мисија, односно развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, и неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”. Доделувањето е во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, а свеченоста ќе се одржи на крајот од месец февруари во Културниот центар „Феникс“.

Досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла” се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Македонија-Србија), Жан – Патрик Конрад (Франција) и Кирил Темков (Македонија).

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе