„Министерката за култура дневно дава информации, сакаме да дадеме шанса на професионализмот на стручните луѓе. Сакаме да нема мешање на политиката, сакаме да нема мешање и на етникумите во државата, затоа што тоа треба природно да излезе, по пат на квалитет, по пат на граѓански права и тоа се трудиме. Без какво било мешање, бројките дојдоа горе-долу согласно етничката застапеност во државата. Да дадеме шанса до крај и да се имплементираат ваквите проекти, а секако правото на жалба веќе во одредени проекти е и воведено, односно воочено дека можеби некаде има одредени пропусти како доволна причина да се разгледаат повторно одредени проекти", истакна премиерот.
Тој наведе дека за Драмските и национални установи, Македонците имаат 64,32 проценти од проектите, Албанците 28,25 проценти, а во драмска дејност други корисници – Македонците 58,17, Албанците 30,18, другите помали заедници 11,66 отсто.
„Во интердисциплинарни и други корисници 20,38 се Албанците, четири проценти се другите помали заедници. Во музичката дејност Македонците се 52,4, Албанците 26,2, другите 3,9 и мултиетнички се 17, 5 отсто. Во музичката дејност други корисници и фестивали Македонците се 32,8, а Албанците 34,2 проценти. Меѓународни се 33 проценти, кои имаат мултиетнички карактер. Ликовни и други корисници – Македонци 36,2, Албанци 21,1, интеркултурни 28,4 и другите помалкубројни заедници 5,3 отсто. Библиотечка дејност, други корисници по етничка застапеност Македонците се 59,74, а Албанците 40,26 проценти", наведе премиерот.
Тој посочи дека во музичка дејност и заштита на нематеријално културно наследство по етничка застапеност Македонците се со 61,4, а Албанците со 28,3 проценти.
„Издавачка дејност – 64,86 Македонци, Албанци 25,6. Единствена во заштита на недвижно културно наследство Македонците имаат 85,3, а Албанците 14,7 проценти. Фолклорна дејност и други корисници, Македонци 60,8, Албанци 24 проценти, другите помалку бројни етнички заедници 13,2 отсто", додаде Заев.