Вработените во културата ќе имаат зголемување на платите

Вработените во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за април 2019 година. Информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, по дејности ја усвои Владата на денешната седница.

Ова го објави премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Со оваа одлука на Владата, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за месец април 2019 година“, наведува премиерот.

Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата.

„Им честитам на културните работници и уметници за заслуженото, продолжуваме да работиме на подигањето на стандардот во културата. Културата е еден од столбовите на нашето заедничко општество“, напиша премиерот Заев.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе