Во Велес почнуваат 57. Рацинови средби

Во родниот град на Коста Солев Рацин, Велес денеска и утре ќе се одржат 57. Рацинови средби, а почнуваат со меѓународна конференција.

Првата сесија во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” е посветена на 75 години современ македонски јазик, азбука и правопис, а програмата ќе продолжи со промоција на „Собрани драми” од Горан Стефановски во издание на „Полица”.

На втората сесија ќе се говори за јазикот и стилот во творештвото на Горан Стефановски, по што е предвидена промоција на зборниците од меѓународните научни конференции одржани во рамките на Рациновите средби, а ќе ги промовира професорот Људмил Спасов. Организатори на овие настани се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, Советот за македонски јазик при Владата и Општина Велес.

Традиционалното положување цвеќе на спомениците на Рацин е поместено за денеска попладне во 17 часот, а ќе се одржи и Поетски перформанс со настап на членови на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин” од Велес. Во тие рамки ќе се изврши и традиционалното засадување на садници во „Шумата на Рацин” кај Спомен костурницата од НОВ кадешто меѓу борците од 1979 година почива и Коста Солев Рацин.

Свеченото отворање на 57-те Рацинови средби е закажано за вечер во 18:30 во Амфитеатарот на Младинскиот парк, каде традиционалната Беседа за Рацин годинава ќе ја одржи професорот Васил Тоциновски, а потоа следува Меѓународниот поетски митинг.

Програмата за првиот ден ќе биде заокружена со концерт на групата „Синтезис” на сцената на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк, а организаторите најавуваат дека строго ќе ги почитуваат сите протоколи за заштита од ковид-19.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе