Во Велес и на Лопушник одбележани 77 години од смртта на Рацин

Општина Велес, по повод 77-годишнината од загинувањето на револуционерот и поет Коста Солев Рацин, денеска ја одржа традиционалната почит кон Рацин со положување на букети цвеќе на двата споменика на Рацин во неговиот роден Велес, пред Гимназијата која го носи неговото име и во центарот на градот.

Букети цвеќе положи градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и делегаци и претставници на семејството на Рацин, Советот на Општина Велес, општинската администрација, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин”, јавните установи и СОУ „Гимназија Кочо Рацин”.

Општина Велес во чест на Рацин денеска организира и Maрш за Рацин на планината Лопушник каде на 13 јуни 1943 година загина Рацин, кој лани за првпат го иницира ЕГ „Грин Пауер“.

Како што информираат од Општина Велес, поради состојбата тие годинава во минимален број со десетина учесници од ЕГ „Грин Пауер“ и други учесници и почитувачи на делото на Рацин наместо пеш, утрово од Велес со автобус тргнале до кичевското село Извор. Потоа од кичевско Извор тргнале пеш кон Лопушник каде што се наоѓа спомен обележјето на Рацин каде положиле букети цвеќе. Во Маршот во чест на Рацин им се приклучиле и почитувачи на Рацин од Куманово, Скопје, Битола и Прилеп, како и членови на ПСК „Бистра“ од Кичево кои по традиција на 13 јуни денот на погибјата на Рацин традиционално се искачуваат на Лопушник.

Во изминатите години имаше и голем број на граѓани на Кичево и подржувачи на делото на Рацин кои во голем дел од Кичево и кичевско одеа пеш кон Лопушник да му оддадат почит на Рацин.

Коста Солев Рацин роден во 1908 година во Велес, а загинал во се уште целосно неразјаснет и контрoверзен несреќен случај на13 јуни 1943 година на планината Лопушник, во близина на партизанската печатница.

Рацин е најпознат по неговата стихозбирка „Бели Мугри“ издадена на крајот на ноември 1939 година во хрватскиoт град Самобор, која во годините потоа е најпреведувана македонска стихозбирка и издадена на сите светски јазици.

Во негова чест во неговиот роден Велес секоја година се одржуваат Рациновите средби и Детските Рацинови средби. На Рациновите средби традиционално секоја година се доделува Рациново признание и Почесно Рациново признание.  

МИА

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе