Во Скопје и Струмица Денови на руската култура

Од 25 до 26 октомври во Скопје и Струмица ќе се одржат Денови на руската култура во Република Македонија. Настанот се организира врз основа на Протоколот меѓу Министерството за култура на Руската Федерација и Министерството за култура на Република Македонија за организирање меѓусебни денови на култура на двете земји во 2017-2018 година.

Свеченото отворање на Деновите на руската култура ќе се одрќи на 25 октомври во Македонскиот народен театар со презентација на изложбата „Добата на Григорович“ посветена на историјата на рускиот балет. Во церемонијата ќе земат учество министерот за култура на Република Македонија Роберт Алаѓозовски и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак

Потоа, во 19 часот следува настапот на Рускиот државни академски народен хор „Митрофан Пјатницки“.

На  26 октомври во концертната сала на Македонската филхармонија ќе се одржи заеднички концерт (19 часот) на солистите од Русија (Олга Артјугина, Василиса Бержанскаја, Рустем Хамидулин) со оркестарот составен од членови на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет (диригент – Бисера Чадловска)

На 26 октомври во Струмица, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе настапи (19 часот)  Рускиот државен академски народен хор „Митрофан Пјатницки“.

Влезот на сите настани е бесплатен.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе