Во Музеј на град Скопје изложба на керамички предмети од неолитот

Во Музејот на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје пред 8 милениуми_2: првите керамичари од Церје – Говрлево", на која низ повеќе илустративни паноа и археолошки предмети ќе биде обработена темата за раните керамички садови во Македонија преку керамичкиот материјал од Церје – Говрлево.

Станува збор за поголем број експонати од раниот, средниот и доцниот неолит, односно периодот меѓу 6000 и 5300 година пр.н.е. Меѓу другото, за оваа пригода е изготвено и печатено издание во кое свое место имаат пет труда поврзани со различни прашања од раното керамичко производство низ целиот свет и Балканот, со посебен осврт на материјалната култура од споменатиот локалитет, соопшти Музеј на град Скопје за изложбата која ќе биде отворена до 31 јануари 2019 година. 

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе