Во МКЦ предновогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар

Градскиот дувачки оркестар денеска ќе одржи предновогодишен концерт во МКЦ со богата програма. Организаторите информираат дека влезот е слободен, но претходно треба да се подигне бесплатен/протоколарен билет.

На концертот ќе биде изведена следната програма „Forever and ever“ – arr. Х. Еминовиќ, „Herb Alpert Golden Hits“ – arr. Steve McMillan, „What a wonderful World“ – arr. R. Stitzel, „Final count down“ – J.Tempest, „Money,Money“ – arr. Х. Еминовиќ, „Љуби ме и главата горе“ – arr. Х. Еминовиќ, „Sway“ – arr. M.Taylor & Х. Еминовиќ, „New York, New York“ – J.Kander, „G.Miller Parade“ – arr. Rudi Selfert Kresbornn, „Gipsy song“ – В.Стефановски – arr. Х. Еминовиќ, „Proud Mary“ – arr. Х. Еминовиќ, „Brazil Samba“ – arr. Х. Еминовиќ, Radetzky Marcsh – J.Strauss.

Градскиот дувачки оркестар е формиран во март 2006 година, на иницијатива на Град Скопје и Младинскиот културен центар. Од самиот почеток па сѐ до денес Оркестарот има настапувано на сите манифестации во градот Скопје и другите градови во Републиката. Во оркестарот членуваат 29 професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе