ГАЛЕРИЈА „ОСТЕН“

Во еден месец ќе може да се видат три изданија на Светската галерија на карикатури

Во наредните три недели, во галеријата „Остен" последователно ќе биде претставен избор од пристигнатите дигитални карикатури на 43, 44 и 45. Светска галерија на карикатури - Скопје 2014.

Во текот на 2014 година беа одбележани 45 години од одржувањето на 1-вата Светска галерија на карикатури, поставена на 20 август 1969 година. Во 2015 година „Остен“ слави 70 години од неговото постоење (формиран 1 јануари 1945.

Со текот на времето „Остен“ има искусено различна судбина – од потполна поддршка на заедницата и институциите до транзициона неможност за реализација на основните активности. Во тој транзиционен период, од 2005 до 2008 година, три изданија на Светската галерија на карикатури не се одржаа, заради што настана пореметување во редоследот на годините на одржувањето на Светската галерија на карикатури. Токму затоа, последното издание наместо јубилејна 45-та, беше насловено како 42-ра Светска галерија на карикатури - Скопје 2014.

По повод 45 години од постоењето на Светската галерија на карикатури, „Остен“ донесе одлука да организира три тематски конкурси на дигитална карикатура, кои ќе ги пополнат пропуштените изданија и ќе го осигураат континуитетот на Светската галерија на карикатури.

Со таа намера беа организирани 43. Светска галерија на карикатури - Скопје 2014, со тематски конкурс за дигитални карикатури на тема „Лето“, 44. Светска галерија на карикатури - Скопје 2014, со тематски конкурс за дигитални карикатури на тема „Вино“ и 45. Светска галерија на карикатури - Скопје 2014, со тематски конкурс за дигитални карикатури на тема „Фудбал“.

Во периодот од 6 до 13 март 2015 година ќе бидат изложени карикатури од 43. Светска галерија на карикатури - Скопје 2014, подготвена на тема „Лето“. Селектор на изложбата е Мирослав Георгиевски Миро, карикатурист од Македонија. Наградата ја доби Рос Томсон од Обединетото Кралство.

Избор од дигиталните карикатури кои пристигнаа на 44. и 45. издание на Светската галерија на карикатури - Скопје 2014 ќе бидат изложени во текот на месец март 2015 година.

Светската галерија на карикатури е формирана од Редакцијата на списанието „Остен“ во 1969 година. Во нејзиниот историјат е забележано – прва на Балканот, се вбројува меѓу најстарите во светот (заедно со оние во Монтреал - Канада, Толентино - Италија), и е единствена манифестација од овој вид во Македонија. Во текот на последниве години, доминантен е личниот ангажман и ентузијазам на сите оние кои веруваат дека овој македонски бренд ќе го совлада и времето.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе