Во Дубровник изложба на македонски народни носии - Скриеното богатство од Македонија

Скриеното богатство од Македонија - убавината не познава граници е насловот на изложбата која од неодамна е отворена во Дубровник. Авторка на изложбата е Бранка Хајдиќ.

Во Музејот во Дубровник се претставува текстилното, но не само текстилно богатство од Македонија од 10 и 20 век. Оваа колекција е сочувана во Дубровник.

Изложбата е дел од меѓуинституционалната и меѓународна соработка со Македонија и истражувањата на текстилното ракотворство во различните културно-историски случувања. Со ова се истакнува и работата на хрватските истражувачи во собирање, заштита и зачувување на македонското творештво, народните носии како национално културно наследство на сите словенски народи од југоисточна Европа.

Збирката во Дубровник е дело на работата на Јелка Миш донацијата на Комисијата за културна соработка на ФНРЈ.

Стручни соработници на изложбата се и Нада Геневска Брачиќ, Владимир Јаневски и кустосот Ивица Кипра, а кустос на изложбата е Ивона Мичл.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе