Во битолскиот музеј е отворена изложба на која сликите зборуваат и можат да се допрат

Во Националната установа (НУ) Завод и Музеј-Битола отворена е мултисензорна изложба „Музеј за сите – сликите можат да се допрат, сликите зборуваат".

Изложбата содржи 16 тактилни панели, тактилното пано е составено од тактилна слика за музејски експонат од НУ Завод и Музеј Битола, проследно со опис на Брајово писмо.

„Описот е клучен елемент за разбирање на тактилната слика од страна на слепите лица и голем проблем претставува непознавањето на Брајово писмо. Досега опфатени се повеќе од 100 предмети од музејската поставка, кои со соодветен опис и квалитетни фотографии, се поставени на веб страната на музејот. На овој начин, овие предмети се прават достапни за сите „онлајн" посетители ширум светот, а во исто време преку употреба на QR кодови во музејската поставка, се збогатува приказната за секој музејски предмет. Нов момент во изложбата која е поставена во е употребата на NFC тагови, кои во комбинација со паметен телефон, им овозможуваат и на лицата кои не знаат да читаат Брајово писмо, да можат самостојно да ја посетат изложбата“, истакна д-р Ирена Ружин, раковидтел на проектот.

Изработката на тактилни слики ја изврши авторот на проектот, м-р Јове Парговски, вработен во НУ Завод и Музеј-Битола.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе