АРХЕОЛОГИЈА

Во Археолошкиот музеј на Македонија ќе се одржи предавање на Даниела Хеилман

По повод соработката склучена помеѓу НУ Археолошки музеј на Македонија и универзитетот „Лудвиг Максимилијанс“ од Минхен, а изразена преку вклучувањето на проектот „Археолошките истражувања на лок. Мали Дол, кај с. Тремник – Неготино“ во германскиот проект за железно време „Perspectives on Balkan Archaeology – The Early Iron Age: Methods and Approaches“, во просториите на Археолошкиот музеј на 29 мај, во 12 часот, ќе се одржи предавање од областа на раното железно време.

Под наслов „Reflecting upon Diversity: Iron Age Groups of the Lower Vardar Valley in the light of supra-regionals dynamics“ предавањето ќе го одржи Даниела Хеилман, која што е докторант на универзитетот „Лудвиг Максимилијанс“ од Минхен, во групата на проф. др. Карола Мецнер-Небелсик. Хеилман работи на докторска тема под наслов „Погребни обичаи во раното железно време помеѓу Гласинац, Дунав и Родопските планини (8-5 век пр. н.е.)“.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе