Влада

Во Албанија ќе се отвори Културно-информативен центар на Македонија

Отворање Културно информативни центри во Македонија и во Албанија е предвидено со предлог-законот за ратификација на спогодбата меѓу владите на двете земји што беше прифатен на вчерашната владина седница.

Тирана

Како што соопштуваат од владината прес-служба, „со спогодбата се воспоставува правна рамка за основање културно-информативни центри, преку кои уште повеќе ќе се интензивираат релациите во сите дејности од областа на културата, презентација и афирмација на културите на двете земји, како и институционално поврзување на субјектите од Република Северна Македонија и Република Албанија што би резултирало со голем број заеднички проекти и иницијативи“.

Отворањето на културните центри, се наведува во соопштението, ќе придонесе за популаризација и презентирање на традицијата, македонската културата и уметност, ќе овозможи навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави и ќе претставува мост за зближување и заемно запознавање меѓу народите.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе