Влатко Стефановски на „Џојфест“ во Крива Паланка

На градскиот плоштад во Крива Паланка вечер во 20 часот ќе почне фестивалот „Џојфест", на кој главна ѕвезда е Влатко Стефановски. Александар Михајловски од организацискиот одбор на „Џојфест" ги покани љубителите на добра музика да присуствуваат на концертот

 „Џојфест" е културна детоксикација на граѓаните. Главна ѕвезда на вечерта ќе биде Влатко Стефановски со неговото трио, а ќе настапат Тони зен, Ки, Флека, Сајгон и Три оф ас, изјави Михајловски.

Директорот на Градскиот музеј, Драган Величковски, ги покани сите граѓани и туристи да присуствуваат на фестивалот со кој се заокружува летната музичка и културна понуда во градот.

Настанот е дел од „Кривопаланечко културно лето" кое општина Крива Паланка го организира во соработка со локалните институции од областа на културата, со поддршка на Министерството за култура.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе