Владата го прогласи Аквадуктот за споменик со највисок степен на заштита

Владата на Македонија, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Како што соопшти Министерството за култура, Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше закочен во надлежнитe институции.

Со ревалоризацијата на Аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита.

„Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот  аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита. Со донесувањето на Одлуката, Аквадуктот се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство“, наведува Министертсвото. 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе