„Викилига“, пролетен уредувачки потфат на Википедија

На крајот на март почнува нов уредувачки потфат на Википедија на македонски јазик насловен „Викилига", во соработка со Гете институтот од Скопје и ќе опфати четири јавни настани – работилници за обука и уредувачки маратони на теми поврзани со германската култура кои ќе траат до јуни.

„Викилига“ е проект кој има за цел доближување на содржини поврзани со германската култура на македонските читатели преку нивен превод од Википедија на германски на Википедија на македонски јазик.

„Проектот ќе се состои од четири шестчасовни уредувачки маратони со обука за уредување на Википедија и четири последователни тринеделни уредувачки натпревари на темите: Германска книжевност, Германски филм, Германска музика и Светско културно наследство во Германија. Придонесот на секој учесник ќе биде вреднуван, а на најплодните учесници ќе им бидат доделени изненадувачки награди. Секој учесник ќе добие уверение за учество. Учеството е бесплатно, соопштуваат од  „Споделено знаење – Викимедија Македонија“.

Секој заинтересиран поединец може да го пополни прашалникот за пријавување за учество на првиот уредувачки маратон на тема „Германска книжевност“, што ќе се одржи на 30 март 2019 година од 10 до 16 часот во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје, како и за уредувачкиот натпревар на Википедија на македонски јазик на истата тема, што ќе трае од 30 март до 19 април 2019 година.

„Бројот на учеснички места на настанот е ограничен на 20, а учесниците ќе бидат избрани врз основа на дадените одговори на поставените прашања. Прашањата треба да бидат одговорени на македонски или германски. Пожелно е секој учесник да го носи својот лаптоп ако го поседува, за оние учесници кои немаат, ќе го наведат во апликацијата за да им се обезбеди компјутер Со учеството на уредувачките маратони на „Викилига“, секој поединец ќе биде обучен и ќе се стекне со знаења за уредување на Википедија преку изворниот кодиран (html) и нагледниот визуелен уредувач, како и преку користење за алатката за превод, а ќе биде и подлабоко упатен во останатите интернет проекти на Викимедија, кои се многу корисни во современото информатичко работење“, наведуваат од Викимедија.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе