Велигденска онлајн премиера на „Стабат Матер“ на Националната опера и балет

По повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, на официјалниот канал на ЈуТјуб на Националната опера и балет и на Телевизија 24, денеска со почеток во 17:45 часот премиерно ќе се емитува возвишеното вокално-инструментално дело на Џовани Батиста Перголези – Стабат Матер.

Изведбата е под диригентска палка на Бисера Чадловска, режисер е Дејан Прошев, а концерт-мајстор е Климент Тодороски. Како солисти настапуваат Катерина Стојановска – сопран, Ирена Кавкалевска – мецосопран, Ивана Коцевска – балетски солист и оркестарот и хорот на НОБ.

Хор мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, светло мајстор е Милчо Александров и корептитор е Јаника Невчева. Инспициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.

Користена е дел од сценографијата на оперската претстава „Тоска“, во продукција на Националната опера и балет.

„Стабат Матер“ е возвишено вокално-инструментално дело, христијанска химна на Дева Марија од 13 век, која го прикажува нејзиното страдање како мајка на Исус Христос за време на распетието.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе