Велес ќе биде дел од меѓународен проект за културно наследство

Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција го одобри проектот на Француската асоцијација „Ситé е Ситé" со седиште во Бордо, во партнерство со  асоцијацијата на градови од С. Македонија со  архитектонско наследство со седиште во Велес. Покрај Велес во проектот ќе бидат вклучени: Скопје, Битола, Берово, Кратово, Крушево, Охрид, Штип и други  градови  посветени на заштита на културното наследство. Во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени пет француски градови.

Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес – конференција информира  дека со овој значаен проект  што ќе се реализира во партнерство на Република Франција со Република Северна Македонија и  Република Албанија планирана е размена на знаења и стандарди за урбанистичко планирање на старите јадра во градовите, пејсажната архитектура, валоризацијата и развојот на туризмот преку културното наследство.

„Со цел оваа тематика да го најде своето вистинско место на планот на евроинтеграциите на локално ниво, веќе разговаравме и со Заедницата на единиците на локална самоуправа – ЗЕЛС за нивно вклучување во реализацијата на активностите и проектите“, појасни  Коцевски.

Тој упати јавна благодарност до Марилиз Ортиз, директор на Француската асоцијација „Ситé е Ситé",  Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, до амбасадорот на Република Франција Крисијан Тимоние и нашата амбасадорка во Франција Јадранка Чаушевска за поддршката на овие значајни проектни активности.

Во проектот е вклучено и нашето Министерството за култура, македонските градови и универзитетите, а ќе се одвива во соработка со партнерите од Република Албанија: Институтот за културни споменици, Министерството за култура, Асоцијацијата на општини на Албанија и градовите Берат и Елбасан.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе