Во Домот на културата „Кочо Рацин“

Вечерва промоција на „Егзодусот, егејското прашање и другоста" од Биљана Рајчинова-Никлолова

Во Домот на културата „Кочо Рацин" во Скопје (Зелен покрив), вечер во 19 часот ќе биде промовирана книгата „Егзодусот, егејското прашање и другоста" од Биљана Рајчинова-Николова, во издание на Центарот за култура и културолошки студии од Скопје.

На промоцијата ќе говорат Мишел Павловски и Лорета Георгиевска-Јаковлева. Во трудот, авторката поставува и одговара клучни прашања, од типот, што значи да се биде припадник на маргинализирана група со субалтерен идентитет, брутално негиран, и национално и културално, биополитички дисциплиниран. Рајчинова-Николова говори за судирот меѓу два непомирливи света: светот на безумното насилство и светот на умната човечност. Станува збор за книга која говори не само за минатото, туку и за сегашноста, за историски случувања кои имаат директни импликации на актуелните состојби и како таква е значаен прилог во креирањето на сликата за себе и за другиот. Токму од таа слика не само што зависи успешното позиционирање на една држава во светот, туку и чекорите и политиките кои ги презема една држава во интерес на благосостојбата на своите граѓани.

Д-р Биљана Рајчинова-Николова е родена во Скопје, на 14 декември 1975 година. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" – Скопје, оддел Интердисциплинарни студии по новинарство, во 2000 година. Магистрирала на Институтот за македонска литература – Скопје, на Студиска програма интердисциплинaрни културолошки студии во книжевност во 2013 година, а докторирала во 2017 година. Наставно-научно звање доцент го стекнува во 2018 година при Универзитетот Евро-Балкан, Скопје. Поле на истражувачки интерес ѝ е наука за култура, а потесни области на научен интерес ѝ се студиите за идентитетот, медиумите, комуникациите и родот.. Авторка е на педесетина стручни и научни трудови, објавени во домашни и меѓународни списанија и зборници на трудови. Работи во Институтот за македонска литература во Скопје.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе