Вечер се отвора третиот Галичник филм фестивал

Дваесет и три краткометражни филмови од цел свет ќе бидат прикажани на третиот по ред Галичник филм фестивал, кој официјално ќе биде отворен денеска и ќе се одржува до недела, под отворено небо во Галичник.

23-те краткометражни филмови од официјалната селекција ќе бидат сместени во категориите – играни краткометражни филмови, документарни краткометражни филмови и анимирани краткометражни филмови.

Како дел од фестивалот, по завршувањето на проекциите следи и музичка програма.

Како дел од жири комисијата оваа година се актерот Никола Ристановски, режисерката и сценаристка Елеонора Вениновa и режисерот Георги М. Унковски, победник на минатогодишниот Галичник филм фестивал со филмот „Налепница“.

„Третиот Галичник филм фестивал несомнено ќе биде огромен предизвик за изострениот вкус на овие големи уметници, имајќи го предвид фактот дека оваа година во игра се неверојатни 23 филмови кои секој на свој начин доаѓаат со својата единственост и уметничка тежина, но и позадина на веќе нанижани признанија ширум светот“, соопштија од фестивалот.

Како дел од Галичник филм фестивал, од 3 до 5 август се одржа „Екс – ЈУ“ работилницата за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски, во рамки на истата учество земаа пет проекти: „Дали е тетка Божана, тато?“ – Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ – Македонија, „Не е добар ден за паркирање“ – Филип Лафазановски – Македонија „Базен-дупка“ – Ана Вуќичевиќ – Србија, „Брат и Мајка“ – Александар Вујовиќ – Црна Гора, „Цут“"- Тамара Брочиќ.

Фестивалот е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија, а го реализираат ДАРМА ФИЛМ и МЗ Галичник. Програмата на Галичник Филм Фестивал е бесплатна.

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе