В недела музички хепенинг на покривот на Џеваир скај сити

Жителите на Аеродром и станарите на комплексот Џеваир скај сити, овој празничен викенд ќе можат од своите домови да уживаат во музичкиот настап во живо на Наде Талевска и Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff. Музичкиот хепенинг на покривот на една од кулите од комплексот Џевахир, ќе се одржи в недела, 3 мај, со почеток во 18.45 часот.

Но истовремено, во овој настан кој е во организација на општина Аеродром и Џеваир скај сити, ќе можат да уживаат и сите жители на Скопје кои ќе имаат можност да го следат преносот во живо преку фејсбук страницата на општина Аеродром.

Организаторите ги повикуваат сите жители на Аеродром од своите балкони или следејќи го live stream преносот во својот дом, да се приклучат на хепенингот и на овој начин, иако одвоени, сепак заедно, да поминат убава вечер во дружба.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе