Апел на група уметници

Управата за заштита на културното наследство нема директор, уметниците не можат да изложуваат во странство

Ние уметниците сме разочарани од односот на државата кон уметноста и кон културното наследство. Управата за заштита на културното наследство, при Министерството за култура речиси цел месец е без директор. Со тоа е спречено нормалното функционирање на цела институција, што е огромен проблем за нас уметниците, кои се претставуваме интернационално, се вели воапелот на група уметници.

„Управата има за цел да се грижи за културното наследство, односно да обезбеди документација (уверение за извоз и изнесување на незаштитени добра) со која се дозволува изнесување на уметнички дела кои не се под заштита на историското културно наследство, туку се авторски дела кои патуваат надвор од државата за изложби.

Бидејќи единствен овластен потписник на управата е директорката, која патем е во пензија, а сѐ уште фигурира како директор во системот и на веб сајтот, стана невозможно, институцијата да дозволи каков било износ на дела. Невозможно е, и незаконски во овој период од еден месец - кој патем се продолжува, бидејќи сѐ уште не се избира директор за оваа институција, да се изнесе какво било дело надвор од државава. Со тоа пропаднаа цели изложби организирани од институции, меѓу кои многу важна изложба во организација на Музејот на Град Скопје. Многу наши дела од уметниците кои требаше да патуваат на изложби во Европа, Азија и Америка пропаднаа порано крајно неодговорниот однос кон институциите.

Министерството за култура и Владата се глуви и не си ги извршуваат обврските“, се вели во апелот на група уметници.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе