ТАНЦ-ПРОГРАМА

Уметничката програма „КО2-егзистирање“ ќе се одржи во „Кино Култура“

„Номад танц академија Македонија“ во просторот на „Кино Култура“, простор за современи изведувачки уметности и современа култура, од 01 до 09 септември ја организира програмата „КО2-егзистирање“, која директно дејствува во сферата на современиот танц, современата кореографија и перформансот. КО-автори на КО-програмата се Викторија Илиоска, Александар Георгиев и Елена Ристеска.

Во периодот од 01 септември до 09 септември 2017 година учесниците на „КО2-егзистирање“ ќе работат на развивање на современи формати кои ќе овозможат различни уметнички интереси и потреби да ко-егзистираат и успеат да достигнат до нивно ко-споделување со локалните уметници и локалната публика.

Програмата е составена од три „ситуации“: КО2-егзистирање (резиденција за и околу продукции), КО2- Фестивалско случување (фестивал за презентирање на дела од учесниците што ќе се одржи од 01 до 09 септември) и Затворен состанок (серија состаноци од затворен тип, наменети за разгледување алтернативни модели на продукција и состојба на локалната сцена).

Акцентот на програмата е во алтернативниот начин на продукција и создавање, во взаемното постоење и сонување, и воможноста на ко-курирање на фестивал поставен во една локална сцена, но воден од интернационален тим од уметници.

Наспроти веќе познатите формати во целиот свет на едукативни работилници, уметнички размени и фестивалски формати, каде најчесто акцентот е на обуката и застарените формати на размена, каде има конкретна програма, куратори и ментори, резиденцијата на „КО2-егзистирање“ е базирана на слободата и интересите на самите уметници, на создавање услови за различни уметнички потреби и реализирање на уметнички дела кои би имале директен придонес во развивањето на современите уметнички формати.

„Ко-егзистирање“ е програма која им дава целосна слобода на 15 различни артисти од Шведска, Данска, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Шпанија, Германија, Австрија и Македонија за заедно да соработуваат, разменуваат мислења, споделуваат идеи, да истражуваат и да ко-егзистираат.

Програмата е реализирана од „Номад Танц Академија Македонија“, во соработка со „Локомотива“ – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и „Кино Култура“ – простор за современи изведувачки уметности и современа култура.

Програмата се реализира со финансиска поддршка од ЕЕПАП (East European Performing Arts Platform), ЕУ-програма за култура во рамките на проектот „Life Long Burning“ и Град Скопје.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе