ВО ИЗДАНИЕ НА „СТУДИОРУМ“

Трудови од д-р Томе Груевски собрани на едно место

Шеснаесет наслови од творештвото на д-р Томе Груевски, кој својот работен век го исполни како професор по комуникологија и односи со јавноста на студиите по новинарство, медиуми и комуникации на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, собрани се на едно место во „Собрани дела: Комуникологија“ од Томе Груевски.

Прегледот на собрани трудови „Комуникологија“ од Томе Груевски, содржи дела што се објавени во периодот од 1991 до 2013 година како научни трудови или како универзитетски учебници од областа на комуникологијата, односите со јавноста и новинарството. Сите наслови се подготвени и прилагодени во дигитална форма и со незначителни корекции во поглед на печатените изданија. Издавач на трудовите е Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ од Скопје.

Професорот Томе Груевски е доктор по информативно-комуниколошки науки. Автор е на книгите: Јавното информирање во Македонија (1991); Преглед на македонскиот печат (1885-1992), коавторство, (1993); Современиот печат во Македонија (1995); Печатарството и издаваштвото во Битола, том 1, 2 и 3, коавторство (1998); Историја на новинарството, книга 1, (1999); Историја на македонското новинарство, книга 2, (1999); Теорија на новинарството (2000); Комуникации и култура (2004); Историја на новинарството (2005); Култура на говорната комуникација (2006); Односи со јавноста (2007); Комуниколошки теории – предавања (2009); Комуникологија, книга 1 и 2, (2011); Односи со јавноста – теории и модели (2011); Култура на говорот (2011); Историја на новинарството (2011); Комуникологија на масовни медиуми – коавторство (2012); Комуникологија на жанрот (2013). Исто така, има објавено повеќе од сто научни статии-трудови во научни списанија, од учество на домашни и меѓународни научни симпозиуми, конференции и научни собири од областа на комуникологијата.

Томе Груевски е автор и на публицистичките трудови: „МРА Плачковица“ – монографија (1975-1978); Развојот на младинското движење во Македонија (Конгресите на младината на Македонија, 1943-1983) – коавторство; „Студентски збор“ (1949-1984) – монографија, коавторство; „Битола“ - монографија, коавторство (2004).

Добитник е на наградите: „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ од областа  на публицистиката (1983); „Новинарско перо“ (1986), Награда на Здружението на новинарите на Македонија; Награда на издавачите на Македонија (1999); Награда „4 Ноември на град Битола“ (1999); Награда „Битолски  весник“ -„Најуспешни битолчани“ (2006). Член е на Македонското научно друштво во Битола од 1997 година.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе