Трибина „Јазикот културно богатство на цивилизациите“

 „Јазикот културно богатство на цивилизациите“ е насловена трибината што денеска ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје 2022“.

Трибината ја организира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, со поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.

Како што најави организаторот, со свои презентации на трибината ќе настапат учениците од средните училишта на град Скопје под менторство на м-р Филип Белчев од Институтот за македонски јазик.

Сите учесници на трибината ќе имаат можност да ја посетат Спомен-собата на Крсте Мисирков.

 

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе