Богата театарска понуда

Театар Комедија и МНТ од вечерва ја стартуваат новата сезона

Со претставата „Жена ми се вика Борис" вечер од 20 часот почнува новата сезона на Театар Комедија.

До крајот на меецов на репертоарот на театар Комедија се и претставите: „Жени пред нервен слом", „Стјуардеси", „Боливуд", „Вечера за глупаци", „Човек, ѕвер и доблест", „Не сега,  драга" и „Вардарски пастуви".

Претставите во Македонскиот народен театар во оваа година ќе почнат в петок (24 јануари) со изведба на „Бесачи" на режисерот Јавор Грдев, која на репертоарот е и наредниот ден.

Годината за МНТ почна со гостување во Кина – екипата од „Галеб" на режисерката Нина Николиќ денеска ќе учествува на 20-тиот уметнички фестивал „Средба во Пекинг".

Драмски театар-Скопје, пак, го одложи за наредната недела почетокот на новата сезона. Претпремиерата на претставата „Мојот маж" по текст на Румена Бужаровска и режија на Нела Витошевиќ, која беше закажана за денеска, е одложена за наредниот месец.

Новата сезона во ДТС ќе почне идниот вторник (28 јануари) со претставата „Како да се ограби банка?" во режија на Иван Манасковски.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе