Театар и филм

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62 Филмски фестивал во Пула ја доби „Златната арена“ за најдобра режија.

21 Јули 2019 - 10:57

Програмата на годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето" продолжува со вечерашната изведба на театарската претстава „Каде е пиштолот" во изведба на Народниот театар од Охрид.

20 Јули 2019 - 09:53

Во кино „Култура" вечер од 20 часот ќе биде прикажан филмот „The Way of Clave" во организација на Фестивалот на документарен креативен филм МакеДокс. Филмот ја прикажува осуммесечната културна размена помеѓу филмски творци од МакеДокс, ромски музичари и главните танчари од „Dallas Black Dance Theatre".

20 Јули 2019 - 09:33

Во рамки на првиот летен фестивал „Summerland" кој се одржува под покровителство на град Скопје, вечер и утревечер на Школка во Градски парк ќе бидат прикажани два македонски филма.

18 Јули 2019 - 07:43

Словенечкото народно гледалиште „Драма“ од Марибор синоќа ја отвори драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ носејќи ја претставата „Самрак на боговите“ во  режија на еден од најпродуктивните хрватски режисери Далибор Матаниќ.

14 Јули 2019 - 12:10

Продуцентска куќа Галактика пикчрс смета дека резултатите од конкурсот за финансирање на играни филмови на Агенцијата за филм е скандалозно. И годинава, како и лани, добитник на пари за снимање на документарен филм е новинарот Борјан Јовановски, кој овојпат се јавува како сценарист.

11 Јули 2019 - 22:37

На „Скопско лето" вечер од 20 часот во Театар Комедија е претставата „Забрането смеење" од Миро Гавран во режија на Игор Ивковиќ и во продукција на театарот „Антон Панов" од Струмица.

09 Јули 2019 - 08:20

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија" на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 15. филмски фестивал Евроазија во Казахстан ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска.

08 Јули 2019 - 11:28

Со комедијата „Добредојдовте во Германија“ на Симон Верховен од 2016 година, вечер од 21 часот во Сули ан ќе биде отворено 11-дневното „Кафе кино“ кое е составен дел од програмата на фестивалот „Скопско лето“.

06 Јули 2019 - 08:11

На „Скопско лето" вечер од 19 часот Театарот за деца и младинци ќе ја изведе новата претстава „Том Соер" од Марк Твен во режија на Деан Дамјановски, која премиерно ја прикажа во мај.

02 Јули 2019 - 09:55

Филмовите „Господ постои, името ѝ е Петрунија" на Теона Митевска и документарниот „Медена земја" на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влегоа во трката за значајната награда „Лукс" на 54. Филмски фестивал во Карлови Вари.

01 Јули 2019 - 14:41

„Девојчето со жиците" на Марјан Неќак, композитор и режисер од Битола, е прогласена за најдобра претстава на меѓународниот фестивал „Виминациум фест – стари и нови митови" кој синоќа заврши на археолошкиот локалитет Виминациум во Србија.

01 Јули 2019 - 10:57

Краткиот филм „Извидник“ во режија на Алекс Цветков е избран во натпреварувачката програма на 23. фестивал за краткометражен филм „Л.А. Шортс“ што ќе се одржува од 17 до 25 јули во Лос Анџелес, соопшти Агенцијата за филм.

24 Јуни 2019 - 16:22

По едногодишни интензивни подготовки, продукциската куќа „Дрим фектори“, заедно со режисерот Стојан Вујичиќ го најавуваат почетокот на снимањето на првиот македонски долгометражен филм за деца „Стела“.

21 Јуни 2019 - 20:15

Брендот „Биби" е избран меѓу 20-те најдобри анимирани цртани за претшколски деца на фестивал во Франција. Овој македонски бренд ќе биде презентиран на престижната манифестација „Картун форум" која од 16 до 19 септември ќе се одржува во францускиот град Тулуз.

19 Јуни 2019 - 13:26

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе