„Златна рамка“ – ревија на македонски филмови од минатата година

Дваесет и пет македонски филма реализирани минатата година со поддршка на Агенцијата за филм ќе бидат прикажани од 22 до 24 февруари во кино „Фросина" на ревијата „Златна рамка" која ја организира Друштвото на филмските работници на Македонија-ДФРМ.

На ревијата под мото „Влези во наш филм“ ќе бидат прикажани два долгометражни филма („Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски и „Враќање“ на Кастриот Абдили), седум документарни и 16 кратки филмови.

Уметничкиот координатор Ана Василевска на средба со новинарите денеска рече дека не станува збор за нов филмски фестивал, туку за ревија посветена на домашниот филм, со која публиката ќе има увид за филмовите завршени во  2018 година. Идејата е секоја гоидна да се организира ревија на филмови од претходната година.

„Друштвото на филмски работници смета дека секоја  година ќе треба да биде прикажано сè што е сработено во минатата календарска година, да се има увид во тоа што се работи зашто во минатото се снимани многу филмови кои никогаш никој не ги видел. Транспарентноста на филмаџиите и на Агенцијата за филм им е многу важна. Публиката ќе може да ги види филмовите кои не успаеале да имаат премиера или да стигнат на кинорепертоар, зашто тоа е реткост, особено за кратките и за документарните филмови“, рече Василевска.

Проекциите се бесплатни за посетители и ќе почнуваат во 17 часот со документарни филмови. Кратките ќе бидат прикажувани од 19 часот во првите два дена и од 20 часот третиот ден, а двата долгометражни се од 21 часот  – „Враќање“ на 22 февруари и „Година на мајмунот“ на 24 февруари. За проекција бил поканет и „Ругање со Христос“, но режисерот Јани Бојаџи одбил да учествува, а поканата не ја прифатиле и режисери на два кратки филма.

Покрај филмови, во сите три дена од 11.30 часот ќе има и други настани во склоп на ревијата –  в петок во тој термин е свеченото Собрание на ДФРМ на кое ќе се примаат нови членови, а Друштвото в сабота од 21 часот ќе додели и три почесни награди – за филмски автор, актер и за филмски работник.

В сабота од 11.30 во фојаето на „Фросина“ дескот на Медија – потпрограма на  „Креативна Европа“ на ЕУ ќе организира презентација за начинот на аплицирање кај филмските фондови наменета за продуценти и филмски професионалци, а в недела во истиот  термин и место  ќе биде организирана тркалезна маса за филмската критика, насловена  „Нема успешна кинематографија без филмска критика“.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе