„Златна петорка“ во Мумбај прогласен за најдобар странски филм

Ден потоа, филмот се прикажа и во Мумбај, на индискиот Јагран филм фестивал, кој е моментно најпосетениот филмски фестивал во Јужна Азија и се одржуваше во 16 градови во Индија.

На филсмкиот фестивал во Мумбај, во центарот на Боливуд, филмот на Горан Тренчовски „Златна петорка“ ја освои наградата за најдобар странски филм, а режисерот Тренчовски имаше обраќање со видеопорака.

 

Индискиот Јагран филм фестивал е моментно најпосетениот филмски фестивал во Јужна Азија и се одржуваше во 16 градови во Индија.
Филмот „Златна петорка" ја имаше и својата американска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси.

Во официјалната програма на 36-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси, во петокот се случи свечената американска премиера на долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на Горан Тренчовски во продукција на Револушн од Скопје.

Филмот „Златна петорка“ наскоро ќе учествува и на фестивали во Варшава, Санкт Петербург, Брно, Софија и Нови Сад, а странски дистрибутери се заинтересирани за правата за прикажување во Америка, Европа и Азија.

Филмот досега е селектиран на над 20 фестивали, освои шест интернационални награди и е најгледан македонски филм изминатата сезона.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе