Златна „Камера 300“ за кинематографот Рубен Импенс

Рубен Импенс, белгискиот кинематограф во италијанскиот игран филм „Осумте планини“ е годинешен лауреат – освојувач на златна „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Меѓународното стручно жири синоќа во Битола не штедеше зборови за професионалниот пристап и мајсторството на Импенс, кој се издвои со својот квалитет и моќта на камерата во неговите раце. Второто по ранг одличје на ИФФК „Браќа Манаки“ годинава отпатува за Италија, затоа што добитничка на сребрена „Камера 300“ е Италијанката Дарија Д’Антонио, додека бронзена „Камера 300“ беше доделена на кинематографот Хидетоши Шиномија од Јапонија.

ИФФК „Браќа Манаки“ на големата сцена во НУ Центар за култура-Битола додели специјална „Камера 300“ на една од легендите во кинематографијата Џон Метисон, а високото фестивалско признание го врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Апсолутно сум воодушевен што сум тука и затоа што ова е единственото место во светот каде што се чувствува нашата работа. Вие го направивте фестивалот „Браќа Манаки“ таков како што доликува. Успевате да не промовирате нас како кинематографи но и самата филмска камера како нешто што заслужува голема важност“, истакна кинематограферот Метисон и додаде дека визуелниот јазик секој го разбира и тоа е така уште со првите слики на браќата Манаки кои сите ги разбираат.

Според востановената традиција. награди се доделија во категориите документарна програма, а железна „Камера 300“ му припадна на кинематогареферот Саша Кулак од Франција, во категоријата краткометражен филм мала „Камера 300“ доби кинематограферот Шад Чабан, а посебно признание и беше доделено и на кинематограферката Жоана Пимента од Бразил за нејзиниот придонес во документарниот филм „Гори сува земја“.

Годинава  првпат награда се додели и во категоријата студетнска програма, а со одлука на жирито првата златна „Камера 300“ ја добија кинематограферите Симоне Харт и Кристијан Нојбергер од Филмската академија во Виена.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе