Меѓународен филмски фестивал „Исток и Запад – класика и авангарда”

„Златен сарматски лав“ за Зорица Нушева за улогата Петрунија

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска доби уште награда на меѓународните фестивали, овојпат во Оренбург, Русија.

Како што соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“, на тамошниот Меѓународен филмски фестивал „Исток и Запад – класика и авангарда” кој се одржа по 12-ти пат од 23 до 28 август, доделена е наградата „Златен сарматски лав“ за главна женска улога на Зорица Нушева која во филмот ја игра насловната улога (Петрунија).

„Ова е второ директно признание за извонредната глума на нашата актерка и веќе единаесетта награда за филмот на меѓународната сцена“, информира продукцијата.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе