Кинотека

„Златен објектив“ за Спасе Тасевски и Коле Манев

Кинотеката на Македонија одлучи годишнешните лауреати „Златен објектив“ да ги додели на филмските и телевизиски монтажери Спасе Тасевски и Коле Манев.

 

 

По повод својот роденден на 29 април, Кинотеката секоја година го доделува „Златниот објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија, велат од Кинотеката.

„’Златниот објектив’ се доделува во пролетниот период од годината, значаен за основањето на Кинотеката. Пригодните плакети и значки на Тасевски и Манев ќе им бидат врачени на манифестацијата ‘Златен објектив’ што ќе се одржи во Кинотеката по велигденските празници согласно протоколите“, информираат од Кинотека.

Досегашни добитници на ова признание беа режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ и директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков. Потоа, добитници на ваквото признание се и продуцентот Панта Мижимаков, филмскиот работник Коста Крпач, филмскиот критичар Илинденка Петрушева, монтажерот Димитар Грбевски и костимографот Елена Дончева.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе