Жени – документарна театарска претстава во која играат жени болни од рак

Претставата е финансирана од Општина Битола и „Бит Фест 19“. Премиера за 27 август веќе е распродадена. Втора изведба е на 30 август, петок, во 20 часот, а третата изведба на 1 септември, недела, во 20 часот.

Вечерва во 20 часот ќе се одигра премиерата на најновата документарна театарска претстава „ЖЕНИ“, којашто е правена по текстови на жени болни од рак и во којашто претстава исто така учествуваат како актерки, четири жени болни од рак. Претставата е во продукција на „Интимен Театар“, Битола.

Режијата е на Софија Ристевска Петрушева, кореографија на Кире Миладиноски, видео материјали – Диоген Хаџи – Коста Милевски и фотографии на Петар Тасевски. Играат Невена Стерјевска, Катерина Петровска, Трендафилка Киклевска, Зорица Цибалевска.

„Од 2014. година, во Хотел Театар, Битола, функционира здружението за поддршка на жени болни од рак – „ОДРАЗ“, во чиишто рамки до денес учествувале над педесетина жени болни од рак, коишто ја преживеале болеста или се уште се борат со неа. Состаноците на групата ги водат психијатар и др.на науки Гордана Ристевска Димитровска и психолог Билјана Атанасовска Видановиќ. Во 2017. година, во „Интимен Театар“, Битола, по идеја на режисерката Софија Ристевска Петрушева, започна иницијатива за создавање на театарска претстава, во којашто ќе учествуваат, ќе глумат, жени од групата, зборувајќи за болеста и за нивната битка со неа. Ова лето конечно се реализира конкретниот проект – театарска претстава, којашто се создаде по документарни текстови од самите жени.

Во претставата учествуваат Невена Стерјевска, Катерина Петровска и Трендафилка Киклевска кои ја споделуваат својата борба со ракот на дојка, и ракот на матка, како и Зорица Цибалевска, којашто минатата година ја изгуби својата мајка Летка Андреевеска, којашто беше голем поборник за создавање на уметност, како начин за борба против депресијата кај болните од рак. Наша основна цел е со овај проект да ја подигнеме свеста за редовни прегледи, што би довело до брзо дијагностицирање на ракот, со што би се намалила огромната бројка на заболени од рак, посебно во нашиот Пелагониски регион“, велат од здружението „ОДРАЗ“.

 

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе