Заврши снимањето за проектот „Монастир" на еврејката Сара Ароести во Битола

Еврејката со битолско потекло, Сара Ароести, го заврши снимањето за проектот „Монастир" кој освен во Битола се подготвува и во Израел.
Музичкиот албум „Монастир" содржи песни на македонски и ладино јазик, со што ќе се одбележи поврзаноста на ладино пејачката Ароести со нејзиното битолско потекло и сефардските Евреи кои живееле во Битола.

„Проектот 'Монастир' го подготвувам подолго време, неколку месеци истражував во архивите на Националната библиотека во Израел, работев на терен со моите македонски пријатели, и тие ми помогнаа да најдам уникатни песни поврзани со еврејската заедница која живеела во Монастир. Дел од песните се македонски и се поврзани со дамнешниот живот на евреите во Битола, други се традиционални ладино песни кои не биле снимени во форма на песна, издвојува сегменти од проектот 'Монастир'", младата Ароести.
Во интернационалниот проект „Монастир" вклучени се музичари, сниматели, стручни лица од различни држави, религии и култури, деца од детската градинка „Естреја Овадија Мара" во Битола, хор од Скопје, уметниците Сефедин Бајрамов и Вевки Амедов, тим на „Креатив продукција" од Битола, и други соработници, потврди Ароести пред заминувањето од овој град.
Сара Ароести класично оперско пеење изучила на Вестминистерскиот хорски колеџ, а ладино песни, на Израелскиот институт за вокална уметност. Во својата музичка кариера ги снимила албумите „A la Una" 2003 година, „Puertas", 2007 година и „Gracia", 2017 година.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе