Лабаво толкување на законите

За Владата успешната работа на Агенцијата за филм ја покри законската обврска за годишен извештај

Државните институции, агенции, јавни претпријатија имаат законска обврка за периодични извештаи за нивната работа. Таква е и обврската на Агенцијата за филм (член 19 став 1) која е должна до Владата на секои 12 месеци да доставува извештај за работа заедно со завршната сметка. Рокот секоја година е март. Оваа година тоа не е сторено, а за владините служби тоа е сосема разбирливо ако се знаат „постоечките капацитети во Агенцијата“.

Според законските обврски (Закон за филмска дејност) годишен извештај за работа на Агенцијата за филм треба да поднесе директорот на Агенцијата за филм и најдоцна до март да се усвои од Управниот одбор. Досега членовите на Управниот одбор на Агенцијата за филм не добија извештај од директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

Во Законот за филмска дејност има уште една одредба во која се вели дека мандатот на директорот на Агенцијата за филм му се прекинува ако не работи и постапува според закон, Статут и актите на Агенцијата (согласно член 19 став 1 каде е одредена обврската за извештај).

Во член 33 став 2 кажува дека извештајот УО треба да го донесе најдоцна до крај на март. Значи по сила на закон, ако е ова така, на актуелниот директор на Агенцијата за филм,  му престанува мандатот ако не доставил извештај.

Но, не секогаш е тоа така. Еве што за ова велат во Владата, кои знаат дека извештај сѐ уште нема, но добиле информација од Агенцијата дека извештајот се подготвува.

Согласно член 19 став (1), директорот на Агенцијата е должен до Владата на Република Северна Македонија на секои шест месеци да доставува извештај за работењето на Агенцијата. Овој извештај не го носи Управниот одбор на Агенцијата, туку се разгледува на седница на Влада. Овој извештај Агенцијата го доставува во текот на месец јули во тековната година.

Според информацииите кои ги добивме од Агенцијата, годишниот извештај за 2018 година е во фаза на изработка, а истиот ќе биде донесен од страна на Управниот одбор откако ќе заврши усогласувањето на извештаите за реализираните активности. Во периодот што измина, Агенцијата за филм имаше силна меѓународна агенда поврзана со успесите на македонските филмови, со што ограничените капацитети беа распределени кон промотивни програмски содржини на меѓународен план, на фестивали и манифестации. Владата е запознаена со нивото на постоечки капацитети во Агенцијата, честита на Агенцијата за остварените меѓународни успеси и очекува во брз рок да го добие извештајот“, се вели во одговорот од владините служби за информирање на прашањето на МКД.мк.

Во член 16 од Законот за филмска дејност одредено е во кои случаи престанува мандатот на директорот на Агенцијата за филм. Еден од тие случаи е и кога директорот „не работи и постапува според закон, Статутот и актите на Агенцијата“. Во член 33 (став 2) од овој закон пишува дека извештајот УО треба да го донесе најдоцна до крај на март.

Тоа во случајот не е направено, па логично, според законот, на актуелниот директор на Агенцијата за филм, Горјан Тозија досега требаше да му престане мандатот. Но, Владата сѐ уште го чека извештајот три месеци по истекот на рокот.

А.Д.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе