- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 71НОВИ / 24h
- 1 од 12
- следно ›
- Контакт
Во весникот „Илинден“ објавен е текст за Загорка Шуке-Канефче, актерка во Албанија по потекло од Охрид

Откако се населиле во Поградец, Загорка била забележана од учителскиот кадар како талентирана девојка во областа на драмската уметност.
Поради тоа, по завршувањето на основното училиште се запишала во Женското училиште во Тирана. По завршувањето се вратила во Поградец каде продолжила со нејзиниот уметнички живот.
„Важно е да се каже дека Загорка била првата жена што учествувала во аматерскиот театар на градот играјќи многу улоги со Пиро Џечи, Панди Анѓели, Паско Жико, Копи Амбон итн. Нејзиниот талент не останал незабележан од многубројните актери и други театрски работници. Во 1962 година, после создавањето на професионалната естрада, таа станала професионална актерка, а така било додека не се пензионирала“, наведува весникот.
Загорка учествувала и во многу албански филмови. Најпозната е по нејзината изведба во филмот „Капедани"(Капетан), а публиката ја памети и по улогите во филмовите „Утринска војна", „Патиштата што го бараа сонцето", „Дамите од градот", „Првиот ден на закажување" и други.
Од страна на Општинскиот совет на град Поградец прогласена е за „Гордост на градот". Починала на 17 јануари 2000 година во градот Поградец.
По повод 22-годишнината од нејзината смрт со посебен текст се потсетува и општина Подградец, во кој и оддава заслужена почит
Театар и филм
Објавено на
20 Јануари 2022 - 21:10