Во Велес во наредните две недели ќе се одржува фестивалот на античка драма „Стоби“

Во Народниот театар „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес под мотото „Во нови слики“ ќе се одржи 19-тото на Интернационалниот фестивал на античката драма „Стоби“. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Антигона“, во режија на Диего Де Бреа.

Годинашната програма, во две седмици обединува преку дваесет настани, сместени во три рамки: официјална селекција на фестивалот, придружна програма и oф–програма на фестивалот, информираат организаторите.

Годинашната жири-комисија е во состав: Ѓорѓи Јолевски, актер, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, актерка и Деан Дамјановски, театарски режисер. Селектор на фестивалот е Сашо Димоски. Со цел нивно претставување, во oф-програмата на фестивалот, на 20 септември ќе бидат изведени претставите „Последната лента на Крап“ (С. Бекет/Ѓ. Јолевски/Перипетија/МНТ), „Кармен“ (М. Делибес/Д. Пројковски/ Драмски театар Скопје), монодрама на Билјана Драгичевиќ-Пројковска и театарската инсталација за еден гледач „Херои 04:33“ (С. Димоски/ Д. Дамјановски/ НТ „Ј. Х. К. Џинот“, Велес).

И годинава ќе се доделат четирите интернационални награди – за најдобра актерка, најдобар актер, најдобра режија и гран при на фестивалот. 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе