Во Велес и Крушево заврши снимањето на украинскиот филм „Празник на хризантемите“

Во Македонија заврши снимањето на долгометражниот дебитантски игран филм „Празникот на хризантемите" ("Chrysanthemum day") на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на Mainstream Pictures LLC од Киев, Украина, а македонска ко-продукција е Опиум филм претставен од страна на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.

Дел од сцените на филмот се снимаја во  Спомен костурница- Велес и Македониумот во Крушево. По повеќемесечни подготовки и изградба на комплексна сценографија во Велес и во Крушево, снимањето на филмот траеше десет дена.

Филмот е научно фантастична-дистописка драма, за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара „жена-цвеќе", познатa како исцелител која мистериозно преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја изгубила меморијата и идентитетот. Филмот го следи патот на нејзиното враќање на меморијата.

На овај филм како прв од овој жанр што се снимаше во Македонија, во тешки временски услови и по сите протоколи за заштита за време на пандемија од ковид-19 учествуваа над дваесетина филмски професионалци од Македонија и повеќе од 30 филмски автори и работници од Украина.

 Филмот ќе се снима на повеќе етапи на локации во Украина, Македонија,  Босна, Србија и Хрватска. „Празникот на хризантемите" е меѓународна ко-продуцкија помеѓу  Украина, Македонија, Србија и Хрватска. Моментално филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Украина. Дел од постпродукцијата на филмот ќе се работи во Македонија.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе