Во Скопје почна со работа нов независeн театар „Отпишани“

Во Скопје почна со работа новиот независен алтернативен театар „Отпишани“.  Отсега скопјани, но и граѓаните од внатрешноста на државата ќе имаат можност да уживаат во сосема нова, свежа и поинаква театарска продукција.

Основна цел на театарот „Отпишани“ е развој и афирмација на алтернативниот театар, а својата работа театарот ќе ја насочи и кон промоција на млади автори, режисери, уметници и актери. Покрај тоа театарот има цел да придонесе за регионален развој на театарската уметност преку соработка со центри за култура од внатрешноста на земјата, промоција на македонскиот алтернативен театар на меѓународно ниво преку соработка и вмрежување со надворешни организации, како и популаризација на театарската култура како култура на живеење и активност за социјализација и еманципација на граѓаните.

Основачи на новиот алтернативен театар „Отпишани“ се: Марјан Анѓеловски, Јасмин Рамани, Ристе Мицевски, Сара Николовска, Ивана Стамевска, Петра Николовска, Александар Јовановски, Елена Ѓорѓевска и Огнен Велевски. Истиот тим кој е составен од етаблирани автори, режисери, сценографи и актери, ќе биде одговорен и за програмата, продукцијата и репертоарот на новиот театар „Отпишани“.

„Театар „Отпишани“ е крик на уметноста. Во ситуација кога културата веќе со години е затрупана со бирократија и институционална обременетост. Веруваме дека алтернативниот театар „Отпишани“  ќе придонесе кон враќање на театарот, културата и уметноста онаму каде што припаѓа,  а тоа е поблиску да културните работници, авторите, уметниците, актерите  и народот“, изјави претседателот на театарот, Марјан Анѓеловски.

Во моментов театарот „Отпишани“ активно работи на две нови театарски претстави чија премиера ќе биде наскоро.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе