Во Ресен почнува театарскиот фестивал „Актерот на Европа“

Со ретроспектива на досегашните добитници на наградата за животно дело „Актер на Европа“, вечер од 21 часот пред Сарајот во Ресен ќе почне 20. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“. Оваа година наградата за животно дело ја добива Младен Нелевиќ од Црна Гора, за кого ќе биде прикажан уметнички портрет со сите негови театарски и филмски креации.

Посебен омаж на јубилејот ќе му биде оддаден на Питер Брук, чиишто актер Брус Мејерс пред неколку години ја понесе оваа награда за животно дело и при тоа ја изведе претставата „Големиот инквизитор“, според романот на Достоевски. Во чест на јубилејот, на Собранискиот канал на МТВ ќе биде прикажан „Портретот на Брук“ на Јордан Плевнеш со екипа на  МТВ.

На свеченото отворање ќе се обратат градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, претседателот на жирито Мето Јовановски, а беседа за лауреатот ќе одржи претседателот на фестивалот, Јордан Плевнеш.

Признанијата „Клучевите на Преспа“ ќе ги добијат Методија Јоновски и Гоце Ристовски, македонски автори и публицисти кои објавиле и посветиле посебни истражувања за Преспа.

Традиционалната Голема повелба „Балканот – Срцето на Европа“ оваа година им е доделена на грчкиот новинар Христос Матис и на косовскиот драмски автор Хаќиф Мулиќи.

По церемонијата на отворањето ќе настапи Васили Лаерти, актер на народните театри од Атина и Тирана со „Агамемнон“ од Есхил.

Во официјалната конкуренција на фестивалот оваа година се селектирани: „Поетската вечност на Иго и Бодлер“ од Франција, „Четири еполети“ од Хаќиф Мулиќи од Косово, „Синиот портокал“ од Џо Пенхол од Велика Британија, во изведба на Центарот за култура „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес, „Пеликанот“ од Аугуст Стриндберг од Шведска, во режија на Теодора Силјаноска, и „Кармен“  од Мигел Делибес, по мотив од романот „Пет часа со Марио“ во изведба Драмски театар Скопје, во режија на Дејан Пројковски.
Претставите ќе ги оценува жири во состав: Мето Јовановски (претседател), Елена Трајковска и Владимир Стојчевски.

Дваесеттиот фестивал „Актерот на Европа“ свечено ќе биде затворен на 11 јули од 21 часот во Ресен, со доделување на  наградите.

Фестивалот е основан во 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското Езеро за меѓуграничен европски парк меѓу Македонија, Грција и Албанија. 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе