Во Пула „Златна арена“ за режија на Теона Стругар Митевска

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62 Филмски фестивал во Пула ја доби „Златната арена“ за најдобра режија.

Петочленото жири едногласно и одлучи наградата да ја додели на Теона Стугар Митевска, образложувајќи дека „прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот “.

Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународната сцена. „Петрунија“ продолжува во јули со својот фестивалски живот, на девет фестивали низ целиот свет. По Пула, филмот го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе