Наскоро

Во МНТ се поставува текстот „Дух“ на Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јаниќијевиќ

Во Македонски народен театар интензивно се подготвува најновата претстава со работен наслов „Дух“, според последниот текст на Дејан Дуковски, нашиот најпоставуван и најнаградуван драмски автор, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

По соработката на претставите „Дракула“ (2008) и „Силјан штркот шанца“ (2016), ова е уште една соработка на веќе докажаниот тандем Дуковски - Јаниќијевиќ. Овојпат го одбираат „Дух“ или македонскиот Хамлет на Дуковски чија премиера се очекува кон средината на месец април на големата сцена на МНТ.

Драмата зборува за трагедијата на едно современо семејство, кое ја губи куќата поради долгови, и притоа немаат начин како да го исплатат долгот кон доверителите, на кои куќата им ја ставиле под залог. Низ темата е изразен/истакнат бунтот на главниот лик кон социјалната и морална навреда во современото општество.

Во претставата играат: Гораст Цветковски, Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски.

Сценографијата е на Велимир Жерновски, костимограф е Лидија Георгиевска, извршен продуцент е Виктор Рубен, а инспициент е Никола Кимовски.

Овој текст праизведбата ја имаше надвор од Македонија 2015 г. во Српско народно позориште, Нови Сад, во режија на Александар Поповски, а непосредно по тоа во септември 2016 г. и во Белград, во режија на Милан Нешковиќ, известија од МНТ.

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе