ТЕАТАРСКА ПРОДУКЦИЈА

Во МНТ почнаа пробите за новата претстава „Говорна маана“

Претставата „Говорна маана“ во Македонскиот народен театар се работи според текстот на современиот автор Горан Марковиќ и во режија на Драгана Милошевска, а премиерата се очекува кон крајот на месец февруари 2017 година.

Текстот „Говорна маана“ е напишан во деведесетите години на минатиот век, а Марковиќ е автор кој со голема искреност влегува во натпревар со сите опасности кои нѐ загрозуваат, укажува на состојбата и поставува дијагноза, и на поединецот и на заедницата. Овој автор, доколку го следиме неговиот опус, нѐ поттикнува да се судриме и соочиме со реалноста.

Дејствието на „Говорна маана“ се одвива во театар, во гримиорна на еден актер, првенец, на крајот на неговата кариера. Тој се штити себе си така што ги затвора очите пред општествената реалност и бега во илузиите кои му ги овозможува театарот, се дури одбегнувањето на околностите не го направат невозможно. На спротивната страна е млад човек со кариера која ветува... Се разбира и една актерка. Раскошно напишаните ликови преиспитувајќи ја сопствената морална одговорност нѐ соочуваат со нашите склоности кон прикривањето на одговорноста и соучеството.

Ова е една прекрасна приказна која се случува во театар, која е толку блиска, отвора многу прашања и иницира да се преиспитаме за тоа каков е светот во кој живееме и дали и самите учествуваме во прифаќањето на истото, свет во кој владее теророт на успехот, совршенството и натпросечноста.

Публиката ќе ја има таа чест да ја проследи играта на Игор Џамбазов, Ивица Димитријевиќ и Сашка Димитровска, водени од режисерката Драгана Милошевска. Костимографијата и сценографијата се на Илина Ангеловска.

На режисерката Драгана Милошевска ова не и е прва соработка со МНТ - во 2008 година на сцената на Македонскиот народен театар ја постави пиесата „Дундо Марое“ од авторот Марин Држиќ, несомнено една од најпознатите комедии на балканските простори. Милошевска зад себе ги има веќе успешно поставено претставите: „Демонот од Дебар маало“, „Калеш Анѓа дефинитивно“, „Хасанагиница“, „Пипи долгиот чорап“, „Мизантроп“ и други, извести Мила Анѓелковиќ од секторот за односи со јавноста при НУ Македонски народен театар.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе